Коренските сертификати на издавачот KIBSTrust можете да ги преземете од секцијата Коренски сертификати од https://www.kibstrust.com/mk-MK/Home/Support/.
За актуелните последни профили на сертификати, издадени од сопствена инфраструктура, согласно eIDAS регулативата, кои се издаваат почнувајќи од Јуни 2021, ова се линковите за коренските сертификати:
KIBSTrust Issuing Qsig CA G2 (Инсталирајте ги во Intermediate Certificate Authorities)
KIBSTrust Issuing Qseal CA G2 (Инсталирајте ги во Intermediate Certificate Authorities)
KIBSTrust Root CA G2 (Инсталирајте ги во Trusted Root Certficate Authorities)
1. Во Internet explorer, изберете Tools, Internet Options, потоа во табот Content изберете Certificates:
2. Во Certificates, изберете го соодветниот таб: Intermediate или Trusted Root Certificate Authorities, а потоа кликнете на копчето Import:
3. Во следниот прозорец, изберете ја .crt датотеката, од патеката каде што претходно сте ги сочувале.
4. Потоа инсталирајтe ги во Intermediate или Trusted Root Cerification Authorities:
5. На крај, изберете го копчето Finish, со што успешно ќе се заврши постапката на инсталација на коренски сертификат.