УСЛУГА

IdCheck

IDcheck ви овозможува проверка, пребарување и преземање податоци поврзани со издаден сертификат.

security

Истата е во согласност со законот за заштита на лични податоци и регулативата GDPR.

Опис на
KIBSTrust IDCheck

Услугата обезбедува автоматизиран процес на проверка, пребарување и преземање на податоци кои се дел од издаден дигитален сертификат.

  • Проверка на постоење на валиден сертификат издаден на физичко лице врз основа на доставен пар броеви - сериски број на сертификат и матичниот број на физичкото лице.
  • Пребарување на сертификати по доставена електронска адреса (e-mail), име и презиме, или матичниот број на физичко лице, при што како резултат од пребарувањето се добива листа од сертификати поврзани со физичкото лице.
  • Добивање информација за јавниот дел на дигитален сертификат врз основа на добиен сериски број на сертификатот.

Карактеристики на услугата

Доверлива

Контролиран и транспарентен начин на брзо и автоматизирано обезбедување податоци поврзани со издаден дигитален сертификат кои се потребни за интеграција со други online системи, за да се избегне дополнителен ангажман од клиентот, носител на дигиталниот сертификат и давателот на online услуги. Услугата IDcheck се обезбедува согласно барањата на стандардите ISO 27001 и ISO 27701.

Безбедна

Користењето на услугата е возможно само преку автентициран пристап со користење на електронски печат издаден за корисникот на услугата од страна на давателот на доверливи услуги КИБС

Примена

Во процесот на дигиталната трансформација постојат моменти кога давателот на некоја online услуга има потреба да провери или дознае дополнителни информации за клиентот на неговите услуги.

Ве молиме пријавете ја вашата потреба за услугата IDcheck на helpdesk@kibstrust.com.

Ќе ве побараме за заеднички да ја разгледаме вашата потреба.

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.